Колабира здравството во дел од европските земји
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Октомври, 2020
Колабира здравството во дел од европските земји, кои уриваат рекорди со број на заразени од коронавирусот.
Рекорди има во Полска, Словачка, Чешка и Ирска.
Во Варшава денеска предупредија дека здравствениот систем е преоптоварен. Ирска пак не успева правовремено да ги контактира заразените и нивните блиски контакти.
Бројот на случаите на заразата во Полска, која има 38 милиони жители, на дневно ниво тројно се зголемил за помалку од три седмици.
Полска со 10.040 случаи во последните 24 часа надмина 200.000 заразени, а само до 4-ти октомври имаше малку повеќе од 100.000 заразени. Починале 130 луѓе, со што бројот на смртни случаи е 3.851.
Чешка во последните 24 часа има рекордни 11.984 заразени. Во земјата со 10,7 милионско население, починале уште 106 луѓе. Вкупно од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани над 194.000 случаи, а починале 1.619 луѓе.
Словачка која има 5,5 милиони жители, регистрира 2.202 нови случаи во последните 24 часа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.