КОЛЕВ ЗА БГНЕС: Ако Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија, ќе биде целосно изолирана
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2022 19:57
Aко Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија, ќе падне во целосна политичка и дипломатска изолација – ова во интервју за БГНЕС го вели Петар Колев, претседател на партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ).
Според него, „македонските Бугари очекуваат дека Македонија ќе ја прифати раката на Бугарија за нејзината европска интеграција и овој пат ќе ги исполни сите обврски“.
„Македонските Бугари се подготвени да работат на имплементација на овие европски заложби, бидејќи тие веќе не се само обврски кон Бугарија, тие се обврски кон Европската унија“, рече Колев.
Тој ја повика македонската влада „да ја реализира својата историска улога во моментов, да го реализира историскиот момент и да направи одлучувачки чекор кон евроинтеграциите“. Колев потсети дека земјата изгубила десет години за да стане членка на НАТО.
Македонија го одби францускиот претседател. Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека не е се загубено и дека има шанса за договор, а бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека Македонија не треба да ја испушти оваа шанса.
фото БГНЕС
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




