Koлкав е природниот прираст по градови?
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2018 06:40
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени деца.
Повеќето општини се во негатива, а оние населени места кои претходно имаа добар прираст сега почнуваат со стагнација.
Населените места во Македонија се ситнат со население.
253 е природниот прираст во Скопје, - 22 во Берово, - 134 во Битола, - 3 во Богданци, 26 во Боговиње, 1 во Босилово, 6 во Брвеница, -20 во Валандово, -1 во Василево, -5 во Вевчани, -28 во Велес, 2 во Виница, -14 во Врапчиште, -17 во Гевгелија, 35 во Гостивар, 2 во Градско.
Понатаму, природниот прираст во Дебар е 5, во Дебарца -13, Делчево -23, -14 во Демир Капија, -32 во Демир Хисар, -9 во Дојран, 10 во Долнени, 42 во Желино, 8 во Зелениково, Зрновци 0, -3 во Илинден, -11 во Јегуновце, -23 во Кавадарци, -11 Карбинци, -54 во Кичево, 0 во Конче, -34 во Кочани, -22 во Кратово, -26 во Крива Паланка, -13 во Кривогаштани, -3 во Крушево, -38 во Куманово, 33 во Липково, -9 во Лозово, -1 во Маврово Ростуша, -7 во Македонска Каменица, 0 во Македонски Брод, -15 во Могила, -10 во Неготино, 2 во Новаци, -38 во Ново Село, -14 во Охрид, 7 Петровец.
Во Пехчево е -5, во Пласница -3, -110 во Прилеп, -20 во Пробиштип, 8 во Радовиш, -10 во Ранковце, -44 во Ресен, 1 во Росоман, -15 во Свети Николе, 19 во Сопиште, -7 Старо Нагоричане, 8 во Струга, 41 во Струмица, 76 во Студеничани, 16 во Теарце, 54 во Тетово, 6 во Центар Жупа, Чашка 22, Чешиново - Облешево -12, Чучер Сандево 31, -41 во Штип.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




