05 Декември, 2025
0.2104

КОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ВЕ НАПАДНЕ АЈКУЛА НА ЈАДРАНСКО МОРЕ: Дури 33 ајкули ги посетуваат водите на Јадранот

Објавено во: Анализа 05 Август, 2023 10:29

Добивај вести на Viber

Ајкулите се предатори чија единствена вистинска закана се луѓето, а кога станува збор за избор на мени, луѓето не се баш нивната омилена храна.

До 33 видови ајкули го посетуваат Јадранот од време на време, од кои само три се потенцијално опасни. Едно од нив е големата бела ајкула.

Шансите да се сретнете со ајкула во Јадранот се многу мали, а од 1900 година досега се забележани само 25 напади.

Еве што знаеме за најопасните видови што некогаш ги населиле океаните.

- Мегалодон е најголемата ајкула досега - и една од најголемите риби што некогаш постоеле - со тежина до 50 тони и со должина од над 18 метри, што ја прави околу три пати поголема од денешната голема бела.

- Проценките за големината на Мегалодон се засноваат на откривањето на неговите фосилизирани заби, а целосен мегалодонски „скелет“ никогаш не е пронајден. Се проценува дека неговата вилица била широка од 2,7 на 3,4 метри, што значи дека можел да проголта два полни- израснати луѓе одеднаш.

- Живееле пред 23 до 3,6 милиони години.

- Мегос првпат е опишан во 1835 година од Луис Агасиз, американски натуралист, кој му го дал името на видот.

- Се проценува дека силата на каснување на мегалодонот била три пати посилна од каснувањето на „Т-рекс“ и дека лесно можел да здроби автомобил.

- Научниците го припишуваат изумирањето на мегалодонот на периодот на глобално ладење, на крајот на плиоценот (пред 2,6 милиони години). Како што планетата се ладеше, животните на дното на синџирот на исхрана изумреа, што доведе до смрт на нивните предатори.

Мегалодоните се секако исчезнати, но сепак живеат само во филмовите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?