08 Октомври, 2024
0.0273

Колку е реално Европа да испрати копнени трупи во Украина? - Кремљ: директен конфликт меѓу Русија и НАТО

Објавено во: Свет 27 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање копнени трупи во Украина, иако, не постои консензус за ова.

Макрон, на состанокот на 20 претежно европски лидери во Париз, кој го повика да се засили европскиот одговор на рускиот воен напредок во Украина, рече дека „нема консензус за официјална поддршка на какви било копнени трупи“.

„Сепак, ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се што можеме Русија да не победи“, нагласи Макрон.

Ова е прв пат да има толку отворена дискусија за националните држави кои колективно гледаат на обезбедување трупи за поддршка на исцрпената воена сила на Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, полскиот претседател Анджеј Дуда и холандскиот премиер Марк Руте беа меѓу присутните на средбата.

Присуствуваа и релативно ниски функционери од САД и Канада.


Макрон, исто така, рече дека во моментов 30 отсто од сите финансиски средства за Украина доаѓаат од Европа, но додаде дека е можно тоа да се зголеми со дополнителни билатерални договори и договори на ниво на ЕУ со цел да се зголемат залихите на муниција три пати.

Одговарајќи на изјавата на Макрон за испраќање копнени трупи, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека за Грција не станува збор за испраќање европски или НАТО сили во Украина.

Мицотакис рече дека тоа е и ставот на „повеќето негови колеги“, нагласувајќи дека ова прашање ги „дезориентира напорите“ за поддршка на Украина, пренесува „Катимерини“.

И полскиот претседател Анджеј Дуда потврди дека сојузниците на Киев не постигнале договор за испраќање војници во Украина. Дуда рече дека најжестоката дебата била околу тоа дали да се испратат војници во Украина и дека „не е постигнат договор за ова прашање“. 

„Овде мислењата се различни, но такви одлуки немаше“, рече тој.

Дуда изрази надеж дека „во блиска иднина заедно ќе можеме да испратиме значителни пратки со муниција во Украина“.

Испраќањето војници во Украина во моментов „не е на маса“, изјави шведскиот премиер Улф Кристершон, чија земја ќе стане 32-та членка на НАТО. 

„Во моментов тоа не е релевантно“, изјави премиерот за шведскиот канал SVT како одговор на изјавата на Макрон.

„Во моментов сме зафатени со испраќање опрема во Украина“, изјави шефот на шведската влада, пренесува Бета.

По изјавата на Макрон, реагираше и Москва

„Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на новинарите на прашањето за изјавите на Макрон, пренесува Индекс.

Тој се осврна и на ризикот од директен конфликт меѓу Русија и НАТО доколку членките на НАТО испратат свои војници да се борат во Украина.

„Во тој случај не би морале да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста на конфликтот“, рече Песков.

Што се однесува до позицијата на Украина, советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак истакна дека дискусијата во Париз за потенцијалната интервенција на Западот во војната била добра.

„Ова покажува, прво, апсолутна свест за ризиците што милитаристичката, агресивна Русија ги претставува за Европа“, истакна тој.

Патем, ако се погледнат податоците на Институтот Кил, последен пат ажурирани на крајот на јануари, вкупната билатерална финансиска, хуманитарна и воена помош за Украина како процент од БДП на Франција од 2021 година изнесува само 0,07 отсто од БДП, што значи тоа практично на исто ниво со националните напори на Шпанија или Италија, кои исто така се со релативно низок интензитет, пренесува Јутарњи лист.

Дури и ако се погледне францускиот удел на украински бегалци примени на 15 јануари 2024 година, исто така, според податоците на Институтот Кил, може да се забележат огромни разлики - Германија прими 1.125.850 украински бегалци, Полска 956.633, Чешка 375.588, Шпанија 199.154 бегалци, а Франција остана на 69.669.

Можеби ќе ве интересира

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување