18 Декември, 2025
0.0623

Колку граѓани во Македонија се хранат во народни кујни?

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2019 06:30

Добивај вести на Viber

Три оброци дневно или богата трпеза е само сон за многу македонски граѓани кои живеат во тешка сиромаштија.

Во моментот низ цела држава функционираат вкупно 50 народни кујни, а нивните услуги секојдневно ги користат околу 3.000 лица, велат од Министерството за труд и социјална политика.

За помагање на старите и возрасни лица и лица во социјален ризик, Владата на Република Северна Македонија обезбедува еден топол оброк дневно во работните и ладен оброк за време на викендите во народните кујни.

„Право на топол оброк имаат сите повозрасни лица и лица изложени на социјален ризик кои живеат во неповолни станбени и животни услови и кои ќе се пријават во локалните Центри за социјални работи. Со новиот иновативен модел „Сите сите“ и „Ајде Македонија“ исто така се обезбедува храна за 3-4 пати повеќе граѓани отколку до сега, а „Сите сите“ и „Ајде Македонија“ е еден од начините преку кој ќе се развива социјалното претприемаштво и нуди различни услуги за најранливите категории граѓани. Преку оваа платформа вишоците на храна ќе се објавуваат на веб платформата и истите може навремено да се превземана од граѓанските организации кои понатаму ги донираат на лицата во социјален ризик. Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу 2 милони денари и е финансиран преку ФИТР годинава  се пилотира на подрачјето на Куманово, Прилеп и Скопје, а планот е понатаму да се спроведува низ цела држава“, велат од МТСП.

Ако се вратиме наназад, 3.655 луѓе се хранеле во народни кујни во 2016 година.

Проектот народни кујни започна да се имплементира во 2007 година, со цел да им се помогне со топол оброк на најсиромашните граѓани.

Според податоци од 2017 и 2018 година, скоро половина милион македонски граѓани имаат потешкотии да си обезбедат храна или живеат со само еден оброк дневно.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница минатиот месец изнесувала 32.990 денари, сума која за многу домаќинства е недостижна. 42% од овие пари се трошат за храна и пијалоци, односно 13.909 денари, покажуваат статистичките податоци.

Македонците се хранат онака како што им дозволува џебот, па така една анализа од 2011 година покажува дека ако Македонецот за оброк троши околу евро, Французин за истото троши по 6 евра.

Сања Атанасовска

фото ртв

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери