Колку изнесува нивото на Охридското Езеро?
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи направени вчера, нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри под минималната кота која се наоѓа на 693,10 метри надморска височина.
Температурата на водата изнесува 6 степени Целзиусови. Водостојот на езерото подолг временски период е под минимумот.
Според УХМР, со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга се очекува во наредниот период нивото на Езерото да стагнира па постепено да расте.
Дебелината на крајбрежниот мраз на Преспанското Езеро изнесува 4, а на Дојранско 1,5 сантиметри, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).