Колку изнесуваше минималната кошничка во декември?
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2023 15:08
Како што објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), минималната синдикална кошничка за декември изнесувала 51.235 денари. Тоа се пари потребни за задоволување на основните потреби на едно семејство од четири члена.
Од вкупната сума 19.226,11 денари се трошеле за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.
„Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари“, велат од ССМ.
Од ССМ претходно соопштија дека за една година за 16.940 денари пораснала вредноста на синдикалната минимална кошничка.Во март во земјава ќе се зголеми минималната кошничка.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




