18 Декември, 2025
0.0604

Колку ќе трае пленарната седница за уставни измени?

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2018 16:03

Добивај вести на Viber

Утре на собраниската агенда стартува пленарната седница за уставни измени без јасна проекција колку време ќе трае истата, најмногу поради тоа што премиерот на СДСМ, Зоран Заев, и владеачката коалиција се уште немаат дециден став дали ги имаат потребните 80 пратеници, односно осумте од таборот на опозицијата.

Единствено е јасно дека дебатата може да трае 10 дена или помалку во зависност од тоа колку ќе се пријават за збор. Доколку глласањето е успешно и се премине на отворање на уставните амандмани, ќе бидат потребни 110 дена за трите фази, но и пократко бидејќи постојат процедури што тоа го дозволуваат.

СДСМ ја повика опозицијата да ги промени ставовите бидејќи нема време за губење во кратките рокови.

- Никој да не се надева на амнсестија, решението се вонредни избори веднаш, доколку нема двотретинско мнозинство - веат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ истовремено тврди дека се подготвени ако треба и за избори

- Крајно време е оваа власт да замине. Република Македонија победи на референдумот.. Тоа е повик за предвремени избори - соопштија од таму.

Четири измени на амандманите се суштински и нив веќе ги објави Владата и тука опозициијата повеќе нема простор за маневар дека нешто се крие од јавноста.

Грчките медиуми засега само коментираат дека ситуацијата во Македонија е конфузна и нема јасна слика дали премиерот Зоран Заев обезбедил двотретинско мнозинство или не, но дека гласањето би се одржало во вторник, односно по два дена дебатирање во законодавниот дом.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери