22 Ноември, 2024
0.0277

КОЛКУ НЕ ЧИНЕШЕ УКРАСУВАЊЕТО- 675 илјади евра потрошиле Скопје и 20 општини

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Градот Скопје и 20 општини, за новогодишно украсување потрошиле вкупно 675 илјади евра, открива анализата на Центарот за граѓански комуникации. 

После 2017 кога трошоците за новогодишно украсување биле највисоки, оваа, 2020 е втора со најголеми трошоци.

„Базата на податоци открива дека Новата 2020 година украсено ја дочекаа Градот Скопје и 20 општини и за тоа се потрошени 675 илјади евра. Споредено со претходната година намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите“, се вели во анализата на центарот.

Дури 91 отсто од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот на Новата 2020 година завршуваат кај две скопски фирми, Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел.

Околу 490 илјади евра односно 73 отсто од парите за новогодишното украсување се потрошени во Скопје и тоа од градските власти и од општините: Центар, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари. Само Град Скопје за украсување на јавните површини потроши околу 285 илјади евра што е удел од 42 отсто од вкупните пари за оваа намена. 

„По Град Скопје најголемите договори за украсување ги имаат склучено скопските општини Центар и Аеродром, истиснувајќи ги општините Карпош и Струмица кои лани беа на овие позиции. Промената се должи на тоа што Општина Центар годинава спроведе тендер по пауза од две години (во вредност од 56.847 евра), а Општина Аеродром, пак, ја зголеми вредноста на договорот за 54 отсто и за украсувањето потроши 48.519 евра“, говорат податоците.

Гледано од аспект на фирмите кои украсуваат за Нова година, како и минатата година, најголем број на договори има скопската фирма Метал-Вет-Ел, но вредносно најголем удел има скопската фирма Линк Медиа Плус. (Подетален приказ е даден во базата на податоци која е во отворен формат). Поконкретно, Метал-Вет-Ел има склучено 9 договори за новогодишно украсување (во 2018 година имаа склучено 11 договори) во вкупна вредност од 190.737 евра (3 отсто повеќе од претходната година). Линк Медиа Плус, пак, има склучено 5 договори (во 2018 година имала 2 договори) во вредност од 424.828 евра (41 отсто повеќе од претходната година).

Освен што договорите ги добиваат истите фирми, продолжува и старата навика на задоцнето објавување на огласите за јавна набавка на новогодишно украсување што секако неповолно влијае врз конкуренцијата и ги оневозможува потенцијалните понудувачи потемелно да ја подготват реализацијата на договорите. Оттука е очекувано дека на тендерите со вака кратки рокови ќе аплицираат само фирми кои веќе ги имаат на залиха новогодишните украси.

Како што може да се види од следниот табеларен приказ, по Град Скопје најголемите договори за украсување ги имаат склучено скопските општини Центар и Аеродром истиснувајќи ги општините Карпош и Струмица кои лани беа на овие позиции. Ваквата промена настанува како резултат на тоа што Општина Центар по пауза од 2 години (за дочекот на 2018 и 2019 година) сега спроведе трендер за новогодишно украсување, а Општина Аеродром, пак, значително ја зголеми вредноста на договорот и за разлика од минатогодишните 31.467 евра сега за украсувањето потроши 48.519 евра односно 54 отсто повеќе.

Основа за пресметка на трошењата на општините за новогодишно украсување се податоците добиени од Електронскиот систем за јавни набавки. Во истражувањето се вклучени сите договорни органи во Република Северна Македонија кои имале ваков вид на набавка во 2019 година.

Оваа база на податоци е подготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации со поддршка на  американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ