22 Мај, 2024
0.0287

КОЛКУ ПАРИ ДОЛЖИ ГРАД СКОПЈЕ - ВМРО-ДПМНЕ која ја презеде новата градска власт тврди дека се 160 милиони евра, СДСМ демантира

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, испратија известување до јавноста во кое тврдат дека бившиот градоначалник Петре Шилегов, за време на неговиот мандат, направил долг од речиси 160 милиони евра.

„Градот е до гуша во долгови, и затоа единствено виновен е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра. Договорите кои ги склучил Шилегов не се единствениот проблем. Дополнително отпочнал постапки за склучување на договори по јавни набавки во висина од 11.377.052 евра. Раскалашеноста на Шилегов и СДСМ се гледа и по 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра.

Вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од 158.196.797 евра. Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не знаеме каде завршиле – велат од ВМРО-ДПМНЕ

На ова реагираа од СДСМ. Велат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Арсовска со лажни податоци.

„Не се точни пласираните информации за долгот, тоа е уште една лага“, се вели во партиската реакција.

„Тотална неспособност покажува Данела Арсовска во првите два месеци од мандатот.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се фатат за работа секојдневно бараат алиби за нивната неспобност.

Прекинат проект за Бас рапид транзит, прекината изградба на два моста, поништен оглас за вработување на пожарникари, Скопје во сообраќаен хаос, тоа е „успесите“ на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во првите два месеца.

Дури и градоначалници од нејзината коалиција се жалат на неспособноста на Арсовска“, пишуваат од СДСМ во своето партиско соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази