КОЛКУ ПАРИ ИМ ОСТАВИВМЕ НА ПРИВАТНИТЕ КЛИНИКИ ЗА КОВИД ТЕСТОВИ - ние се жалевме, ревизорите пресметаа
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2022 13:17
За време на пандемијата граѓаните во приватното здравство платиле над 18,6 милиони евра, стои во Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Фондот за здравствено осигурување.
Ова се пресметки сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години.
Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови.
Тоа е последица на необезбедување на повеќе термини во Јавните здравствени установи (ЈЗУ) и несклучени договори со Приватните здравствени установи (ПЗУ) за дијагностицирање на Ковид-19, и не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




