Колку потрошија дамите во дрогериите на ДМ во земјава?
Објавено во: Економија 03 Мај, 2019 16:00
ДМ силно го зголемува своето пазарно учество на македонскиот пазар. Овој реномиран германски бренд на дрогерии достапен во 13 држави, лани од своите производи во 16 македонски продавници инкасирал 11,2 милиони евра за 24 отсто повеќе од 2017 година
Реномираниот европски бренд на дрогерии „ДМ дрогерие маркт“ лани во своите 16 продавници ширум земјава оствари приходи кои надминаа 11 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на компанијата достапен во базата на ЦРМ. Оваа реномирана компанија своите приходи од продажба во земјава ги зголемила за 2,16 милиони евра односно за 24 отсто во однос на 2017 година кога приходите од продажба изнесувале 9 милиони евра. Овој податок само по себе укажува на тоа колку Македонките сакаат да купуваат во продажната мрежа на ДМ.
Вкупните расходи на компанијата лани биле 10,87 милиони евра и тие се зголемиле за 24,6 отсто односно за 2,14 милиони евра во однос на претходната година кога изнесувале 8,73 милиони евра.
Значајно да се истакне е тоа што компанијата го зголемила бројот на вработени лица за 24 и лани вработувала вкупно 92 лица. Добивката по оданочување што ја оствари ДМ лани изнесувала 326.200 евра и е за 15 отсто повисока од 2017 година кога изнесувала 284.300 евра.
„ДМ дрогерие маркт“ во земјава има вкупно 16 продавници од кои 11 се наоѓаат во Скопје и по еден маркет има во: Битола, Велес, Штип, Тетово и во Куманово.
„ДМ дрогерие маркт“ е еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа. Првата дрогерија е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија. Денес ДМ е репрезентативен ланец со повеќе од 3.500 продавници во 13 држави ширум Европа. Во Македонија првата филијала се отвори во 2012 година.Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




