05 Мај, 2024
0.0249

Колку сме „MICROSOFT OFFICE“ писмени?

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Преку организација на Националниот натпревар за Microsoft Office Specialist, од страна на Certiadria, (Сертиадриа),Македонијаза прв пат учествува на натпревар од светски рамки, покажувајќи ја подготвеноста и компјутерските вештини на учениците од основните, средните училишта и студентите на возраст од 13 до 22 години.

Вкупно 1430 кандидати од цела Македонија, во период од ноември 2015 до мај 2016, полагаа 1960 тестови за Word, Excel, PowerPoint од MS Office 2010 и 2013. Сите оние кои ги положија тестовите се стекнаа со глобално признаени сертификати, како потврда за основната IT писменост која денес станува потреба во секој процес на развој на професионалните способности.

Рангирани според највисоките резултати, најдобите 45 учеснициденес се натпреваруваат за титулата Microsoft Office Specialist на Македонија, во познавање на MS Word, Excel или PowerPoint.

DSC_0621

“Секое знаење заслужува да биде признаено, но и потврдено со соодветна диплома. Нашата цел е да ги поттикнеме младите луѓе да го покажат дека знаат, но и да го валоризираат своето знаење преку стекнување на сертификат препознаен и признаен секаде во светот, кој во образовната и бизнис заедница е единствен валиден доказ за поседување на компјутерски вештини. Одржувањето на ваков тип натпревари е само дополнителна можностза нашите ученици, да ги одмерат своите сили на светско ниво,а нивното знаење да биде наградено со патување во Орландо, Флорида.” изјави Валентина Тасева, претставник на Сертиадриа и генерален менаџер на Семос Едукација.

Финалниот натпревар се одржува во i-bank store на Стопанска банка АД – Скопје, која целосно ќе ја обезбеди главната награда: патување на светскиот натпревар во Дизниленд, Орландо Флорида, на победникот кој ќе ја понесе титулата Microsoft Office Specialist на Македонија. Останатите 6 финалисти од Семос Едукација ќе добијат ваучери за бесплатна обука.

„Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, поддршка за натпреварот обезбедуваме затоа што ја препознаваме потребата кај младите, родени во дигиталната ера, не само да бидат вешти во совладување на достапната технологија, туку и да се носители на развојот натехнологијата од иднината.

Токму затоа натпреварот го одржуваме во i-bank store концепт филијалата, каде во фокусот е i-bank платформата преку која Банката во континуитет се обидува да одржи темпо со современите текови и алатки и она што им е  и на тој начин дополнително да се приближува до младите и да им помага да го реализираат својот потенцијал.

Финалисти, уште еднаш искрени честитки за покажаниот успех, остануваме на ваша страна и ви посакуваме многу успеси во справувањето и со идните предизвици.“ – Изјави Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и Претседател на УО при Стопанска банка АД – Скопје.

Град Скопје, од јануари 2016 година, стана партнер во организирањето и спроведувањето на првиот националниот натпревар за Microsoft Office, на тој начин што ги поддржа најдобрите 500 ученици од сите средни училишта кои се во негова надлежност, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален Microsoft Office испит.

„Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го поддржува натпреварувачкиот дух на младите, посветеното учење и натпреварувањата надвор од рамките на секојдневните училишни обврски. Според него, инвестирајќи во подобрување на дигиталната писменост особено преку формалниот образовен процес ќе се придонесе за подобрување на можностите на младите образовани кадри и подобрување на продуктивноста на работното место, што како резултат ќе води кон општество со висока економска продуктивност.“

“Во економијата на знаење, луѓето во Македонија претставуваат нејзин најголем ресурс. На нив мора да им се даде пристап до стекнување на вештини за да  ги користат можностите на информатичките и комуникациски технологии (ИКТ). Без овие вештини, луѓето имаат поголеми потешкотии за да најдат вработување: основните ИТ вештини се пасош за нови можности за милиони граѓани и претставуваат структурен елемент за привлекување на инвестиции, иновации и отварање на нови работни места во глобалната економија. Споредеднастудијаодстранана ИДЦ направенаво 2013 година, работодавцитебарааткандидатикоиимаат 20 специфичнивештини. Третавештинанаоваалиста е владеењетосо Microsoft Office.  Всушност, вештинитезапознавањена Microsoft Office програмитесебараатпетпатиповеќеодбилокојадругаалатказапродуктивност.” – изјави Љупчо Георгиев– Генерален менаџер на Microsoft Македонија

Првиот Национален натревар воопшто не би бил реализиран без поддршката од страна на Microsoft  Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Здружение на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и Семос Едукација.

Полагањата на испитите, во период октомври – мај, беа спроведени во низа тестинг центри низ Македонија: средните училишта во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Семос Едукација, Американ Колеџ Скопје, ПСУ Алгоритам, Полипроект од Штип.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ