18 Декември, 2025
0.0384

Кoлку Украинци и Руси одморале во Македонија?

Објавено во: Македонија 15 Август, 2022 07:34

Добивај вести на Viber

Во Македонија годинава допатувале руски, но и украински туристи иако тие се во помал број. 

Се очекуваше дека Украинците и Русите ќе ги нема во земјава како туристи поради војната во Украина која трае со месеци, но бројките покажуваат дека имаме посетители од овие две земји. Сепак, нивната бројка е неколку пати помала од порано. 

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), заклучно со месец jуни во Македонија дошле 1.207 украински туристи и 1.426 руски. Хотелиерите претходно прогнозираа дека овие туристи ќе недостигаат во Македонија, но и во регионот од причина што во услови на војна, луѓето гледаат да се спасат и да се засолнат на безбедно, а Македонија се приклучи на санкциите кон Русија, и тоа ги залади односите меѓу двете земји.

Влатко Сулев, претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам  вели дека ако немаше војна во Украина, ќе имавме добра бројка на руски и украински туристи. Тоа го поткрепува со фактот дека имаше летови до Москва и Санкт Петербург, и тоа беше добра основа и Русите да доаѓаат овде, и Македонците да патуваат во Русија. За Украинците објаснува дека во земјава доаѓале претежно со автобуси.

„Нивното отсуство се чувствува на терен и не може да се најде замена за овие туристи, затоа што туризмот се планира година дена однапред. Посетите од Русите можеа да бидат на ниво како Холанѓаните, но се случи војната. Србија беше цело време отворена за Русите, и можно е ако веќе правеле тура во Србија, дел од нив да ја посетиле и Македонија. Инаку, во повеќе наврати ни беше соопштен податок дека само 10 отсто од Русите патуваат надвор од својата земја“, рече Сулев.

Од Здружението за туризам и угостителство Крушево велат дека 10 години по ред имало гости од Украина, но сега скоро и да ги нема.

„Украинците мислам дека почесто доаѓаа за разлика од Русите, го имаа откриено Крушево како дестинација, а сега и да дошол некој, тоа било изолиран случај“, додаваат од ова здружение.

Од Општина Крушево потврдуваат дека на параглајдерските купови годинава скоро и да немало Украинци.

„Ова лето имаше една група Украинци која беше дојдена преку еден проект во Крушево, и тоа беа неколку лица од Киев, но кај параглајдерите имаше отсуство“, вели Сотир Габелоски, лице за односи со јавност во Општина Крушево.

За споредба, лани во земјава имало 9.927 гости од Украина, и 7.474 Руси.  Во 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот,  земјава ја посетиле 1.047 руски туристи и 1.043 украински гости. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери