27 Март, 2023
0.0217

Комерцијална банка гази! Кредитирањето порасна 100 милиони евра, профитот проби 35 милиони евра, колкава ќе биде дивидендата?

Објавено во: Финансии 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Во енергетски и економски кризна 2022 година „Комерцијална банка“ кај своите коминтенти вбризга 100 милиони евра во кредити, повеќе од 2021 година. Добивката е за нијанса пониска од 2021 година, но секоја акција носи профит поголем од 15 евра што дава реални можности дивидендата да биде нешто над 10 евра нето по акција

Нето приходите на „Комерцијална банка“ од камати, провизии и надоместоци лани пораснале за 20 отсто во споредба со 2021 година, покажуваат официјалните податоци од консолидираниот биланс на успех објавен на берзата вчера.
Изразено во бројки тоа значи дека најголемата македонска банка според активата лани од најголемите приходни ставки има нето приходи од 68,9 милиони евра односно 11,7 милиони евра повеќе од претходната година.

Кај најголемата приходна ставка – нето приходите од камати растот е 10 милиони евра повеќе од 2021 година. Вкупната вредност на нето приходите од камати ја достигна границата од 50 милиони евра. Уште 19 милиони евра на нето основа се приходите од услугите што ги даваат на клиенти за кои наплаќаат провизии и надоместоци.

За почит се резултатите кои банката ги оствари и од курсни разлики. За цела 2022 година банката е во плус 5,5 милиони евра од таа дејност. Тоа е фантастични 2,3 милиони евра повеќе од 2021 година.

Единствено значајно намалување на приходната страна има кај останатите приходи од дејноста (кои најчесто се приходи од продажба на недвижности земени под хипотека или машини и опрема земени во залог н.з.).

Од оваа дејност банката инкасира 14,94 милиони евра, а за истиот период во 2021 година продала имот вреден 27,7 милиони евра.

На расходната страна главната ставка е зголемена само за еден милион евра и тоа во услови на голема глобална економска и енергетска криза и бројни неизвесности. Резервациите за лоши пласмани на најголемата банка на крај на 2022 година изнесуваат 16,16 милиони евра.

Најголема трошковна ставка остануваат трошоците за вработените за кои оваа банка лани плати 17,8 милиони евра.

И сега она што прво и најмногу ги интересира бројните инвеститори: добивката. „Комерцијална банка“ минатата година ја заврши со нето профит од 35,3 милиони евра односно нето добивка од 15,4 евра по акција. Согласно со деловната политика за исплати на дивиденда оваа банка може да подели дивиденда која е за нијанса повисока од 10 евра за акција. Секако доколку централната банка одобри дека параметрите на адекватност се целосно задоволени. Иако е очигледно дека се.

Кредитирањето на коминтетни на крајот на 2022 година достигна 973 милиони евра што е највисоко односно рекордно ниво на кредитни пласмани во споредба со годините наназад. Кредитирањето порасна за 100 милиони евра во период од една година. Ова е многу значајна инјекција особено ако се знае дека „Комерцијална банка“ е најголемата кредитна поддршка на македонските компании.

Нивото на вложување во државните хартии од вредност е права линија и не бележи никакви промени (споредба крај на 2021 година со 2022 година).

„Комерцијална банка“ останува домашна банка со најголема депозитна база од своите коминтенти. Лани таа пораснала за 50 милиони евра и достигнала вредност од 2,165 милијарди евра на крајот на 2022 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НАПРАВИ ГРУБА ПРЕСМЕТКА: Еве колку ќе чини моралното менување документи заради Преспанскиот договор со новите поскапувања!

ФАКТОР НАПРАВИ ГРУБА ПРЕСМЕТКА: Еве колку ќе чини моралното менување документи заради Преспанскиот договор со новите поскапувања!

ЛУЃЕТО ЈА МРАЗАТ ИНФЛАЦИЈАТА ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ГУБЕЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА - директор од ФЕД објасни зошто мора да ги зголемуваат каматите

ЛУЃЕТО ЈА МРАЗАТ ИНФЛАЦИЈАТА ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ГУБЕЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА - директор од ФЕД објасни зошто мора да ги зголемуваат каматите

АНАЛИТИЧАРИ: ДА БИДЕМЕ НА ЈАСНО, ДОЈЧЕ БАНК НЕ Е НОВИОТ КРЕДИТ СВИС - паниката треба да се смири

АНАЛИТИЧАРИ: ДА БИДЕМЕ НА ЈАСНО, ДОЈЧЕ БАНК НЕ Е НОВИОТ КРЕДИТ СВИС - паниката треба да се смири

СРПСКИ СТАРТАП ГО ПРЕЖИВЕА КОЛАПСОТ НА СВБ, ЗА МАЛКУ ЌЕ ОСТАНЕА БЕЗ НИШТО - еве низ што се мораа да поминат

СРПСКИ СТАРТАП ГО ПРЕЖИВЕА КОЛАПСОТ НА СВБ, ЗА МАЛКУ ЌЕ ОСТАНЕА БЕЗ НИШТО - еве низ што се мораа да поминат

ПАДНАА АКЦИИТЕ НА ДОЈЧЕ БАНК - вознемирените инвеститори бараат посигурни „брегови“

ПАДНАА АКЦИИТЕ НА ДОЈЧЕ БАНК - вознемирените инвеститори бараат посигурни „брегови“

ЕЦБ врши притисок на австриската Рајфајзен банка да ја напушти Русија

ЕЦБ врши притисок на австриската Рајфајзен банка да ја напушти Русија

ПАЃА ЦЕНАТА НА АКЦИИТЕ НА ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ, сомнежот може да ја поткопа довербата во секторот

ПАЃА ЦЕНАТА НА АКЦИИТЕ НА ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ, сомнежот може да ја поткопа довербата во секторот

ВО ШТО Е ТАЈНАТА СО КАМАТНИТЕ СТАПКИ - прв пат се случува Федералните резерви на САД и Европската централна банка да не мислат исто

ВО ШТО Е ТАЈНАТА СО КАМАТНИТЕ СТАПКИ - прв пат се случува Федералните резерви на САД и Европската централна банка да не мислат исто

ПРВАТА ДИГИТАЛНА БАНКА ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ИМА НОВ ДИРЕКТОР - Александар Богдановиќ на чело на Извршниот одбор на Моби банка

ПРВАТА ДИГИТАЛНА БАНКА ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ИМА НОВ ДИРЕКТОР - Александар Богдановиќ на чело на Извршниот одбор на Моби банка