18 Декември, 2025
0.2298

Комерцијална банка го откажа собранието, ама мнозинството акционери веќе ги поддржале одлуките

Објавено во: Економија 27 Март, 2020 15:33

Добивај вести на Viber


Комерцијална банка АД Скопје ги извести денеска своите акционери дека го откажува акционерското собрание кое беше закажано за 2 април годинава. Одлуката следува по објавата на Уредбата на Владата во Службен весник денеска, а со која Владата им наложи на друштвата да не одржуваат собранија за време на вонредната состојба. Објавата секако имаше негативен ефект на берзата уште вчера, па цените на акциите паднаа. За инвеститорите веше разочарување дека ќе се откажуваат собранија на кои требаше да се носат одлуки за исплата на дивиденда. Денеска за Фактор од Македонска берза и од КХВ потврдија дека ова ќе има влијание на пазарот. 

Комерцијална банка е прва која го откажува Акционерското собрание но оттаму известуваат и дека врз основа на препораките на Комисијата за хартии од вредност за учество и гласање на Собранието по пат на писмена кореспонденција, заклучно со 27.03.2020 година, 52,92 отсто од акционерите гласале за предложените одлуки од Дневниот ред на Собранието. 

„По завршување на вонредната состојба Комерцијална банка АД Скопје ќе објави нов датум на одржување односно продолжување на закажаното Годишно собрание, стои во известувањето.

Објавата на Комерцијална банка дека предложените одлуки меѓу која и таа дека ќе има дивиденда веќе е поддржана од мнозинство од акционерите секако е позитвен сигнал за акционерите кои очекуваат дивиденда. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје