04 Октомври, 2024
0.0303

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека е сторена интерсекциска дискриминација од страна на Меѓународен балкански универзитет кон шест вработени Македонки. Тоа е наведено и во нејзиното Мислење за утврдена дискриминација, кое е објавено на веб страницата на оваа институција. Претходно Комисијата доби претставка, а според неа, универзитетот ги отпуштил овие жени без соодветни причини. Поради тоа Комисијата препорачува Универзитетот да ги врати на работа, во спротивно, се најавува прекршочна постапка.

Според наводите од претставката, Меѓународниот балкански универзитет донел одлука да го прекине работниот однос на шест Македонки. Од нив, четири вработени со договори на неопределено време биле прогласени за технолошки вишок, иако сите имале работен стаж подолг од 10 години и биле меѓу првите вработени со најголемо искуство, додека, на останатите две им било дадено писмо со известување дека нема да им се продолжат договорите и да не доаѓаат на работа до истекот на договорот. Наведуваат дека како резултат на овие отпуштања, во Школата за англиски јазик, како единица на универзитетот, не останала ниту една жена Македонка.

Подносителките сметаат дека основите за нивно прогласување за технолошки вишок се неосновани бидејќи веќе има девет вработени чии договори истекуваат во октомври, а дополнително има останати вработени чии договори ќе истечат за една или две години. Дополнително сметаат дека ова оди во прилог за наводниот намален обем на работа, за кој исто така велат дека е шпекулативен затоа што првиот уписен рок е во август, па не е позната фактичката бројка на нови студенти.

Во исто време, како што се објаснува од страна на Комисијата, не биле наведени конкретни причини за отпуштање, ниту пак критериумите за тоа, а не биле направени ниту бодувања согласно Законот за работни односи. Дополнително на ова, покрај четирите вработени кои биле прогласени за технолошки вишок, работодавачот не ги продолжил договорите на уште две Македонки, додека сите останати вработени (вкупно 19) остануваат на работа.

„Од единаесетте нови вработувања минатата година, чии договори се со времетраење од една година, само на жените Македонки им биле прекинати договорите, додека сите останати вработени кон не спаѓаат во групата на жени Македонки остануваат на работа. Подносителките сметаат дека станува збор за тенденциозно отстранување на одреден број на „неподобни” работници кои се најдени на листата на отпуштања не согласно спроведеното бодување направено по претходно донесена методологија, туку поради нивната националност, верска определба и пол“, навеле во Одлуката од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација.

Во однос на пријавените основи на дискриминација, во мислењето на Комисијата е наведено дека сите отпуштени се жени, Македонки и христијанки со работен стаж над 10 години, додека, според нив, работодавачот ги задржува оние со помалку искуство и квалификации.

Меѓународниот балкански универзитет, пак, во одговорот што го испратил до Комисијата, а кое што стои во нивното мислење, информира дека во работата на Универзитетот дошло до драстично намалување на процесот на работа, а со тоа се појавила и потреба за намалување на бројот на вработените.

„Поради настанатите економски, организациони, технолошки, структурни причини на страна на Универзитетот и согласно потребите на функционирањето на Универзитетот, се извршило намалување на бројот на извршители на работното место предавач во школа за англиски јазик. При овој процес, тврдат дека во целост биле почитувани правата на сите вработени и обезбедени биле сите законски права кои вработените ги уживаат согласно Законот за работните односи“, стои во мислењето за утврдување дискриминација на КЗСД.

Од универзитетот тврдат дека „наводите во претставката поднесена до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги сметаат за неосновани, беспредметни и паушално наведени од страна на вработените на кои поради деловни причини Универзитетот како работодавач им го откажал Договорот за вработување“. Исто така, велат дека „од вкупно 151 вработен во наставен кадар (без разлика дали е предавач/ асистент/доцент или професор), 58 се мажи и 93 жени“, па затоа велат дека „не може да се утврди дека е сторена дискриминација по основ на родовата структура и пол“.

„Во однос на етничката структура, во Универзитетот од 151 вработен, Македонци се 72, Албанци се 43, Турци се 22, Срби 1, Босанци 1, Хрвати 1, додека за 11 вработени полињата за етничка припадност се празни. Притоа напоменуваат дека овој основ не претставува критериум кој Универзитетот го зема предвид при вработување или откажување на договори за вработување. Напротив, велат дека од статистичките податоци јасно може да се утврди дека Универзитетот вработува кадри од сите родови етникуми, раси и религии“, навеле од Комисијата.

Комисијата, пак, ја темели својата одлука врз основа на член 13 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој како потежок облик на дискриминација ја предвидува интерсекциската дискриминација, која согласно дефиницијата е секоја дискриминација врз две или повеќе дискриминаторски основи што се истовремено и неразделно поврзани.

Применета во конкретниот случај, како што стои во одлуката на КЗСД, интерсекциската дискриминација подразбира дека таа би се ценела врз основа на двете дискриминаторски основи род и етничка припадност, како истовремено и неразделно поврзани, при што ирелевантно е дали има други жени вработени или други Македонци, бидејќи она што се цени е дали има жени Македонки вработени.

„Во овој контекст, единствените чиј работен однос бил прекинат се жените Македонки, со што во Школата за англиски јазик моментално не е вработена ниту една жена Македонка. Во оваа насока, Комисијата оцени дека изнесените тврдења во претставката се веројатни, па согласно член 26 од Законот, товар на докажување премина на Меѓународниот балкански универзитет, велат од КЗСД.

Дополнуваат дека од Универзитетот доставиле податоци за вкупниот број на вработени во наставен кадар, како и статистика во однос на родовата и етничката структура, меѓутоа не биле доставени интерсекциски податоци за жени Македонки вработени во рамки на Школата за англиски јазик. Дополнително, Универзитетот не ги образложил причините поради кои токму на тие шест вработени им престанал работниот однос

Со одлуката, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорачува на Меѓународен балкански универзитет да го продложи работниот однос на сите подносителки на претставката, доколку има потреба да го намали кадарот од деловни причини истото да го стори преку донесување на методологија за бодување на кадарот заснована на неутрални критериуми поврзани исклучиво со компетенциите за извршување на работното место и менаџментот на Меѓународен балкански универзитет да помине низ сеопфатна обука за сензибилизација за еднаквост и недискриминација организирана на трошок на Универзитетот. Воедно, се препорачува Универзитетот да донесе и редовно да спроведува политика за еднаквост и недискриминација на работно место.

„Доколку Меѓународен балкански универзитет не постапи согласно оваа препорака, Комисијата согласно своите надлежности ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд“, се вели во Мислењето од Комисијата.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

ШТО МИСЛИ МЕЏИТИ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ТАЧИ ОД ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ? Се споија за да опстанат

ШТО МИСЛИ МЕЏИТИ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ТАЧИ ОД ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ? Се споија за да опстанат

„СЀ ШТО СУМ ЗАРАБОТИЛ, ОСУМДЕСЕТ ОТСТО ВЛОЖИВ ВО НЕДВИЖНИНИ“: Попов ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

„СЀ ШТО СУМ ЗАРАБОТИЛ, ОСУМДЕСЕТ ОТСТО ВЛОЖИВ ВО НЕДВИЖНИНИ“: Попов ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

Саша Ристеска од АИТОНИКС: AI решенијата на Dell Technologies им гарантираат на бизнисите недостижна конкурентност

Саша Ристеска од АИТОНИКС: AI решенијата на Dell Technologies им гарантираат на бизнисите недостижна конкурентност

„ЕДЕН ЗАТВОРЕНИК ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА НАД 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ГОДИШНО“: Пандов вели се бараат начини за нивно намалување

„ЕДЕН ЗАТВОРЕНИК ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА НАД 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ГОДИШНО“: Пандов вели се бараат начини за нивно намалување