„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2024
Новинарот Фуркан Салиу со свој пост на фејсбук се огласи околу напуштањето на Мендух Тачи на опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, а што веднаш ги подгреа шпекулациите дека Тачи ќе преговара со Влен за негов можен влез во власта.
„Никогаш не победил на натпревар, секогаш шампион. Никогаш не победил на избори, секогаш на власт“, напиша Салиу во своја објава на фејсбук за Тачи.
Инаку, како што пишуваат медиумите, извори од Демократската партија на Албанците потврдиле дека нивниот лидер и пратеник, Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт, што постави многу прашања за иднината на албанската опозиција на политичка сцена во Македонија. Извори кои што сакаат да останат анонимни за електронскиот медиум на албански јазик ТетоваСот ја потврдуваат информацијата дека Тачи ја напушта опозициската коалиција и дека веќе нема да учествува на настани на т.н Европски фронт.
„Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт. Претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, изјавија од ДПА, нагласувајќи дека во блиска иднина ќе бидат објавени деталите за причините зад овој потег.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.