28 Ноември, 2024
0.0657

Компаниите бараат повеќе европски пари

Објавено во: Економија 21 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Како компаниите да користат повеќе средства од европските претпристапни фондови и да се елиминираат бариерите поради кои потенцијалните инвеститори од дијаспората најчесто ги откажуваат планираните вложувања во земјава, се дел од темите на кои денеска дебатираат бизнисмените од Северозападна Македонија, градоначалниците на неколку општини и претставниците на централната власт.

Како што рече министерот за економија Ваљон Сарачини, Македонија има на располагање 460 милиони евра од ИПА фондовите и нема бариери за нивно повлекување доколку се изработи квалитетен, издржан бизнис план. Тој посебно ги охрабри општините да аплицираат за добивање што повеќе средства од ЕУ.

Бизнисмените побараа стручна помош во оваа насока откако констатираа дека речиси ниту една деловна институција досега не земала европски пари. Дел од проблемот за ваквата ситуација лоцираа кај себе. Немањето капацитет, недоволната и ненавремена информираност биле нивните слабости.

- Можеби нашите капацитети како стопанственици или невладини институции не биле доволни. За некои компоненти и доцна дознававме. Но, сега веќе имаме луѓе кои почнуваат да размислуваат поинаку, во тој правец, и резултатите се чувствуваат. Многу скоро ваквите девијации, по тој основ, ќе бидат надминати, истакна претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, оценувајќи дека генератор на овие проблеми е централната, а не локалната власт.

Најбитно е, додаде, да се лоцираат финансиите онаму каде што им е местото.

Владата, се надоврза Сарачини, секогаш им излегува во пресрет на бизнисите, ги слуша нивните барања и ги инкорпорира во политиките. Континуирано продолжуваат таквите состаноци со цел поголем економски развој.

- Министерството им стои на располагање на стопанствениците и на сите општини за да им помогне во реализација на нивните проекти, подвлече Сарачини.

Тој потсети дека од јануари годинава стартуваше и новата пракса, отворање канцеларии за поддршка на бизнисот во секоја општина. Почна и каравнот за информриање на локалната самоуправа како полесно да дојде до европските пари.

Според Кучи, мора да се обрне големо внимание и на дијаспората која претставува голем, но не доволно искористен потенцијал.

- Вината за досегашните слаби вложувања од страна на ислениците е можеби во формата на организирањето на бизнисот, но клучен проблем се законските одредби кои често се двосмислени, а тоа не им дава сигурност, освен декларативна, да инвестираат во Македонија. Генератор на овие проблеми е централната, а не локалната власт зашто секој градоначалник сака инвестиција повеќе во својата општина, потенцира претседателот на Комората.

Комапниите од локалната самоуправа очекуваат конкретна, не само формална соработка. - Во општините гледаме вистински, стратегиски партнер за разлика од Владата која не користи само за собирање даноци. Но, едно е да се има платформа како кандидат за градоначалник, а нешто сосема друго кога ќе бидеш избран на таа функција, рече Кучи.

Министерот Сарачини ја поздрави иницијативата за заедничка средба на трите страни со цел интензивирање на соработката без која, посочи, е невозможен економскиот развој. Тој сугерираше ваквите средби да станат пракса и да се одржуваат еднаш месечно.

На денешниот состанок на кој присуствуваше и министерот за локална самоуправа Тахор Хани, се очекува градоначалниците да кажат што од ветената економска програма можат вистински да реализраат, но и кои се нивните барања до Владата. Присутни се само оние градоначалници кои досега ја обрзложиле својата економска платформа пред Комората

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи