Кому Кина се закани со војна?
Објавено во: Свет 24 Јули, 2019
Кина сака мирно обединување со Тајван, но не е исклучена можноста за војна.
Министерство за одбрана на Кина предупреди дека се подготвени за нова војна ако Тајван се обиде да прогласи независност.
Предупредувањето е и за САД затоа што сметаат дека ја поткопуваат глобалната стабилност, осудувајќи ја и американската продажба на оружје на оваа островска држава.
Пентагон и Стејт департментот овој месец одобриле продажба на оружје на Тајван, вредно 2,2 милијарди долари.
Во ова оружје се вклучени тенкови и Стингер ракети. Кина на тоа одговори со предупредување дека ќе воведе нови санкции кон сите американски компании вклучени во договорот.
Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Кијан, на конференција за медиуми претстави документ во кој пишува дека Пекинг ќе направи напори за мирно обединување со Тајван.