Конечно полесно до нов дом, може ли „Купи куќа, купи стан“ да доживее бум?
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2013
„Веруваме дека овие измени ќе придонесат за поголемо користење на средствата од овој проект за изградба на куќа, што исто така ќе придонесе и за развој на типски населби кои во изминатиот период ги промовираат општините“, потенцираше Ставрески.Барањата на градежниците извисија? Останатите услови од проектот, оние на кои најмногу реагираа градежниците остануваат исти. Цената на квадратот, но и вкупните семејни приходи не смеат да надминуваат 900 евра. Дел од градежните компании во неколку наврати потенцираа дека цената на становите е клучната причина за слабата реализација на проектот, оти како што велат, во Скопје се уште е тешко да се најде стан со цена од 900 евра по метар квадратен, а високите цени на градежните материјали се уште не дозволувале поголемо поевтинување на становите.
„Најдобра варијанта е со јавно приватно партнерство да се градат станови кои ќе се продаваат со пониска цена и ќе се вклопуваат во проектот, кој налага, да се субвенционираат само станови со цена до 900 евра за метар квадратен“, побараа градежниците.Инаку, Законот се уште дозволува по три години банките да ги зголемат каматните стапки и до 10%, што како момент е спорен за многу од граѓаните заинтересирани за купување стан. Во првите три години, и кај двата модели каматната стапка е повластена, 4,99 проценти за моделот половина рата и 5,5% за моделот половина учество. Затоа, предлог на дел од градежните компании беше и државата да се јави како жирант за банкарските кредити при што, во услови да не се исплаќа кредитот, државата да го задржи станот и да го пренамени за социјално ранливите категории, наместо да гради нови такви станови. Проектот се применува веќе една година, а досега се одобрени само стотина кредити, иако во соседството на пример, ваквите субвенционирани кредити доживеаја вистински бум. Предвидувања се дека новите измени можат да донесат одреден пресврт и во Македонија, па од речиси замрен, да го заживеат проектот со популарно име „Купи куќа, купи стан. Соња Наумовска