18 Декември, 2025
0.0641

Консалтинг компанијата ДЕ-Инвест најавува конкретни инвестиции во партнерство со интернационални компании

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2021 10:44

Добивај вести на Viber

Присутна речиси 15 години во Македонија, компанијата ДЕ-Инвест чија главна дејност е консалтинг, проектен менаџмент и инвестиции, е дел од групацијата која е присутна во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток.

Сопственикот на компанијата, г. Беким Земоски, во втората половина на 2021, најавува и конкретни инвестиции во Република Македонија на ДЕ-Инвест во партнерство со интернационални компании

ДЕ-Инвест, инаку, за пошироката јавност можеби не е толку позната, меѓутоа компанијата соработува со голем број меѓународни бизнис клиенти од индустрискиот сектор, ексклузивно застапувајќи ги и помагајќи им во настапот во потенцијалните пазари и всушност со својата експертиза и знаење им нуди нови можности успешно да ги достигнат своите цели.

Компанијата има стратешки партнери во инженерство, енергетика и финансискиот сектор, но нуди и широко портфолио на услуги од областа на стратешки консалтинг.

За успехот на компанијата говори и повеќедецениското искуство на сопственикот Беким Земоски, кој пред основањето на ДЕ-Инвест, има широко претприемачко искуство на раководни позиции за повеќе германски компании, но и како сопственик на консултанска компанија од Минхен, Германија. Конкретно за ДЕ-Инвест, тој вели дека нивната цел е да воспостават мостови и да ги поврзат бизнис партнерите користејќи го нивното сеопфатно искуство во повеќе области, давајќи посебен аспект на потенцијални капитални инвестиции во Македонија.

„Со нашето присуство во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток им помагаме на нашите клиенти ефективно да ги совладаат предизвиците со кои би можеле да се соочат во нивниот делокруг и воедно да ги достигнат нивните цели. Во делот на консалтингот нудиме стратешка и оперативна поддршка при пристап на пазарот, локална оперативна поддршка, но и целосно застапување на фирми. Благодарение на поддршката која ја нудиме, секојдневно сме сведоци на резултатите кои ги достигнуваат нашите клиенти, а нашата цел е и да продолжиме да делуваме во оваа насока“, изјави г. Беким Земоски.

После приемот на Република Северна Македонија во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, очекуваме во втората половина на 2021 година инвестиции на реномирани фондови и во капитални проекти. ДЕ-Инвест активно е вклучена во овој процес како дел од интернационален конзорциум“, додаде тој.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери