20 Април, 2024
0.0300

Констатирана ниска култура и толеранција на социјалните мрежи во Македонија

Објавено во: Македонија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во Македонија има ниска медиумска и политичка култура на социјалните медиуми. Најчести проблеми на социјалните мрежи се нетолеранцијата, говорот на омраза, дезинформирањето и лажните вести, а за да се спречи оваа појава потребно е паралелно да се работи и на планот на комуницирањето и на културата и менталитетот. 

Ова се заклучоците од денешната конференција „Права и обврски при комуницирање на интернет“, на која се говореше за тоа како се употребува и злоупотребува слободата на изразување на Интернет. 

Сеад Џигал, експерт за медиумска писменост и социјални медиуми, вели дека влијанието на телевизијата е се уште големо, односно околу 80 проценти од граѓаните се информираат преку телевизијата, додека двојно помалку, иако таа бројка расте, 45 до 50 отсто од луѓето се информираат преку Интернет. 

- Телевизиите и весниците веќе се интегрираат со онлајн платформите, и преку нив се обидуваат да го зголемат досегот на своите информации. Информирањето преку телевизии и информирањето преку Интернет ќе се претопат во еден нов вид интегрирано информирање, каде што дигиталните уреди кои сите ги користиме ќе бидат примарен канал од кои што ќе добиваме информации и токму во тој контекст треба да се стави подемот на социјалните мрежи, вели тој. Според него, Интернетот во информирањето нема да ја престигне телевизијата, туку тие ќе се интегрираат во една дигитална платформа и во тој контекст треба да се гледаме сериозноста на влијанието на социјалните мрежи. 

Оцени дека во Македонија најчести проблеми на социјалните мрежи се нетолеранцијата каде доминира политичката, верска, етничка, нетолеранција, говорот на омраза, дезинформирањето и лажните вести. 

- Комуникацијата произлегува од општеството, општеството е базирано на културата, така што мора паралелно да се работи и на планот на комуницирањето и на културата и менталитетот, рече Џигал и додаде дека е потребно и поддршка од граѓанскиот сектор во дополнителното и неформално образование, професионални медиуми...

Стандардите на Советот на Европа во однос на слободата на изразување онлајн и механизмите за заштита што функционираат во европските земји ќе ги претстави Надиа Беларди, експертка на Советот на Европа за прашања поврзани со слободата на изразување. Според неа, во дигиталните медиуми се случува своевиден „информативен неред“, односно социјалните медиуми се комерцијални сервиси наменети на монетизација на ангажманот и податоците на корисниците. Вели дека пропагандата отсекогаш постоела, но сега се шири побрзо и е поштетна. 

- Медиумските организации не прават доволно за да ги заштитат новинарите таргетирани од говорот на омраза, а „лошите закони“ кои го регулираат говорот на омраза може лесно да се злоупотребат и да се користат за ограничување на слободата на медиумите, вели Беларди. 

Конференцијата се организира во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и на Советот на Европа - „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“. 

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам