17 Декември, 2025
0.0565

Контролингот потреба на компаниите

Објавено во: Економија 16 Септември, 2013 13:25

Добивај вести на Viber

Компаниите да спроведат едукација во областа на контролингот, порачуваат финансиските експерти кои веќе ова го детектираат како потреба.

Андреја Швигар, експерт по контролинг во Хрватска, денеска на македонските компании им порача дека треба да формираат сектори кои ќе се занимаваат со контролинг, да вработат едуцирани лица и да го променат начинот на размислување на делувањето.

- Сите компаниите имаат проблеми. Сите сегменти се зафатени. За жал компаниите навреме не ја препознаваат парцијалната криза и оние проблеми кои треба навреме да се детектираат за кризата да не се рашири на целото претпријатие, истакна Швигар додавајќи дека конотролингот не е врзан за мало или големо претпријатие, дека проблемите се врзани и за едните и за другите, само што различно ги решаваат.

Според неа, проблемот со ликвидноста на претпријатието е еден сегмент што го прати контролингот. Нагласи дека кога ќе дојде до проблем со ликвидноста е веќе доцна.

- Ние на жалост зборуваме за лечење на неликвидноста, па се фокусираме на нешто што е последица. Претпријатијата треба да се насочат кон причините, а причините се секогаш во рентабилноста, посочи хрватската експертка за контролинг.

Хрватска, како што рече, веќе има искуство во оваа област и веќе ја едуцира шестата генерација контролори, а во Македонија се обучува втората генерација

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди