КОНТРОВЕРЗНИОТ НЕФИ УСЕИНИ МУ БЕШЕ „ДОМАЌИН“ НА МИНИСТЕРОТ - фотографии објави самиот Бектеши
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2022 18:55
Нефи Усеини, советник во општина Охрид, околу чие има постојано има бројни контроверзи, го придружуваше министерот за економија Крешник Бектеши денеска во посетата на охридско струшкиот регион.

Инаку, за Нефи Усеини има обвинение за напад со пиштол и истраги за две дивоградби. Како што пишува ТВ Телма, Нефи Усеини го прошета министерот по градот, а Бектеши беше гостин и во неговата пицерија за која пред повеќе години беше отворена постапка за дивоградба на терасата на објектот.

Бектеши беше во Охрид и во Струга за да ја промовира новата мерка и законска измена со која во туристичките региони ќе се релаксира правилото за недела работен ден. Изјавата ја даде во присуство на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Фотографиите на Бектеши со Нефи Усеини ги објави самиот министер на својот службен ФБ профил.
Усеини и на последните локални избори беше избран за советник во Охрид од ДУИ, а според веб сајтот на општината, тој е член на општинската статутарно-правна комисија и на Комисијата за заштита на животната средина.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




