17 Декември, 2025
0.0367

Копилотова тајна – Ги цепкал „лудачките докази“ на парчиња за болеста која ја криел!

Објавено во: Свет 27 Март, 2015 14:19

Добивај вести на Viber

Германски обвинители објавија  дека откриле докази според кои најмладиот пилот на „Germanwings“, осомничен дека извршил самоубиство или убиство со замисла и намерно го урнал авион со 150 патници, бил болен.

Тие не откриваат што е болеста на Андреас Лубиц, но објаснуваат дека тој ја прикрил од работодавците.

„Конфискувани документи со медицинска содржина покажуваат дека имал болест и ни покажуваат кое било лекувањето од страна на лекарите“, велат од обвинителството во Дизелдорф, каде пилотот живеел.

„Фактот дека постојат цепкани на парчиња болнички листови, во кои меѓу другото е кажано дека тој не е во состојба да работи - сосема нови и дури на денот на злосторството - ја одржуваат верзијата од прелиминарната истрага, дека тој ја криел болеста од работодавачот и од своите колеги.“

Обвинителите дополнуваат дека документите се откриени при претресите во станот на Лубиц во Дизелдорф и неговиот дом во Мантабаур во провинцијата Рајнска област-Пфалц.

Според нив нема знаци за какви и да е политички или религиозни мотиви зад активностите на пилотот на „Airbus А320“ од летот 4U9525, кој во вторникот се урна во Француските Алпи.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави