КОРИСНИЦИТЕ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ДОБИВААТ ПО 1.000 ДЕНАРИ ОД ОКТОМВРИ ДО МАРТ - парите се за енергетска сиромаштија
Објавено во: Македонија 22 Август, 2022 11:10
Се огласи Министерстворто за труд и социјала во врска со гарантираната минимална помош.
„Во однос на информациите изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1.000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош, Министерството за труд и социјална политика ја демантира информацијата и ја известува јавноста дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата.
Додатокот од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно.
Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството.
Ваквите одлуки за постапување се донесени согласно Закон и за истите јавноста беше известена со соопштение до медиумите објавено на 05.08.2022 година“, се вели во соопштението од Министерството.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




