КОРОНА БРОЈКИТЕ РАСТАТ, НЕ ОЧЕКУВА ЛИ СКОРО ВРАЌАЊЕ НА МЕРКИТЕ: Вирусот не мирува, но клиничката форма на заразените е полесна
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 07:22
Пред точно 10
дена бројот на активни случаи на заразени со корона вирусот во цела Македонија
беше 351, а сега веќе тој број изнесува 750, од кои најголемиот број заразени
граѓани со ковид се во Скопје. Владата ги укина сите антиковид мерки точно на 3.мај
по претходна препорака од Комисијата за заразни болести. Единствена
рестриктивна мерка која остана на сила е задолжителното носење маски во здравствените установи, аптеките, домови за стари лица и во јавниот превоз.
Матичните лекари посочуваат дека иако е намален бројот на прегледи на пациенти со симптоми на вирусот, оценуваат дека зголемувањето на бројките е резултат на тоа што и единствената мерки која не е укината не се почитува, особено носењето маска во автобус.
-Во овој период навистина имаме многу помалку пациенти со корона вирус, но ние како лекари, по укинувањето на мерките очекувавме повторно зголемување на бројот на заразени. Самите пациенти кои доаѓаат на преглед велат дека често се возат во автобус и дека никој не носи маска. „Најверојатно таму сум се заразила“-ми вели една пациентка која на преглед беше токму вчера со сите симптоми на болеста и тестирањето покажа дека е позитивна на ковид-19. За среќа, иако короната не мирува, актуелните соеви даваат поблага форма и немаме тешки пациенти кои мора итно да ги испраќаме во болница, велат матичните лекари со кои поразговара Фактор.
Дека нема притисок врз болниците за Фактор потврди и дирекорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ, која вели дека во моментов има околу 10-тина пациенти кои се хоспитализирани зарадо компликации поради корона вирусот.
-Во моментов немамеме пациенти со најтешка форма на болеста, но сепак мора да истакнам дека тие што се со потешка клиничка слика се пациенти кои се со коморбидитети, односносе со малигни заболувања. Од вкупниот број кои лежат на Клиниката за инфективни болести, само тројца се на кислородна поддршка, но нема испишани и нема оздравени пациенти. Амбулантски прегледани се седум ковид пациенти, додека вкупно вчера во последното деноноќие имаме вкупно амбулантски прегледани 40 пациенти, вели д-р Стевановиќ.
Истовремено, епидемиолозите кои веќе две и пол години го проучуваат ковид-19 посочуваат дека на последните подваријанти на вирусот Б4 и Б5 не влијае дејството на вакцината, заразените со овие соеви имаат далеку полесна клиничка слика и дека нема опасност да се случи силен притисок на здравствениот систем ниту во наредниот период. Сепак, здравствените власти на европските земји најавија дека доколку бројот на новозаразени упорно се зголемува ќе следи враќање на мерките, сосема слично како и нашата Комисијата за заразни болести, која при давање на препораките за укинување на сите рестриктивни мерки напомена дека доколу анализите на епидемиолошката состојба во земјава покажуваат влошување, повотрно ќе предложат враќање на антиковид мерките.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




