Коронавирусот преживува девет часа на човечка кожа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 06 Октомври, 2020
Дишењето со маски за лице не влијае на белите дробови, објави Ројтерс.
Просечната маска за лице може да биде непријатна, но не го ограничува протокот на кислород во белите дробови, дури и кај луѓе со тешки белодробни заболувања, велат истражувачите. Тие го тестираа ефектот на носење хируршки маски и размената на гасови - процес со кој телото додава кислород во крвта при отстранување на јаглерод диоксид - кај 15 здрави лекари и 15 воени ветерани со сериозно оштетени бели дробови преку брза шестминутна прошетка на рамна и тврда површина. Нивото на кислород и јаглерод диоксид во крвта се мери пред и по тестот за одење. Ниту здравите лекари ниту пациентите со заболени бели дробови покажаа некои поголеми промени во мерењата на размена на гасови по тестот за одење или до 30 минути подоцна. Непријатноста на маската најверојатно не се должи на повторно дишење на јаглерод диоксид и намалување на нивото на кислород, објавија истражувачите во петокот во списанието „Торакс“. Наместо тоа, маските може да предизвикаат непријатност со иритирање на чувствителните нерви на лицето, затоплување на вдишаниот воздух или предизвикување чувства на клаустрофобија. Таквата непријатност не треба да предизвика загриженост за безбедноста, велат истражувачите, бидејќи тоа може да придонесе за намалување на „практиката докажана за подобрување на јавното здравје“. Новиот коронавирус преживеа девет часа на човечка кожа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.