КОС И КОШТА СО КОМЕНТАР ЗА ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТУНЕЛ: „Важен чекор за градење доверба“
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 11:04
Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што се случи вчера на Железничката станица Ѓуешево.

Од Министерството за транспорт соопштија дека на „Х" мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша оти изградбата на железницата е поттик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност.
- Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија - голем чекор напред во соработката меѓу двете земји и промоција на добрососедските односи. Освен што развива билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност, стои во објавата на претседателот на Европскиот Совет.

Исто така и еврокомесарката Марта Кос го поздрави потпишувањето на Договорот.
- Бугарија и Северна Македонија се согласија да ја продолжат работата на Коридорот 8. Клучен проект што ги поврзува Јадранското Море со Црното Море преку пат и железница. Ова е важен чекор за градење доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и комуникацијата меѓу луѓето, напиша еврокомесарката Кос.
Договорот за изградба и оперативност на железничкиот тунел на Коридор 8, вчера во Ѓуешево го потпишаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов.
- Пругата на Коридор 8 покрај економското значење за Македонија, за регионот и Европа, има и безбедносно значење од аспект на НАТО, велат од Министерството за транспорт.
Валентина Суперти, директорка на Директоратот за Западен Балкан на ЕК, вчера на церемонијата во Ѓуешево порача дека двете соседни држави може да сметаат на поддршката од Европската Комисија.
- Од заедничкото работење на прекуграничните проекти не губат добрососедските односи коишто се од суштинско значење особено кога станува збор за членството во ЕУ, укажа Суперти и посочи дека ЕК е мошне е задоволна што обврските коишто беа преземени на 16 јули во Брисел се исполнуваат и резултираат со потпишувањето на овој договор.
ЕУ, посочи, го поддржува зацврстувањето на соработката меѓу вашите земји и заедно со партнерите ЕУ обезбедува значителна финансиска помош за овој проект. - Сметаме на вашето лидерство а она на тоа што сведочиме денес тоа ни е потребно за договорот да биде навремено спроведен, рече Суперти.
Изградбата на тунелот на Коридорот 8 како дел од трансевропската мрежа, како што оцени таа, е иницијатива за отворање на пат којшто ќе донесе социјална и економска полза во регионот со подобрени транспортни услуги и подобар пристап до ЕУ и глобалните пазари.
- Тоа е одржлив транспортен систем со којшто ќе се поткрепи конкурентноста за целиот регион. Коридорот 8 е механизам за посилна регионална соработка и го покрива инфраструктурниот јаз на балканскиот регион . Од стратешка важност е за безбедноста и тоа е всушност нашата заедничка безбедност. ЕУ е целосно посветена на поддржување на спроведувањето на овие важни проекти и затоа сум тука денес, рече претставничката на Европската комисија.
Проценките на институците се дека со изградбата на пругата Скопје-Софија ќе има зголемување на товарниот превоз за над 30 проценти, а патничкиот сообраќај за 20–25 проценти во првите години по изградбата.
Македонија и Бугарија, по повеќемесечен застој на крајот на јуни на министерско ниво постигнаа договор за придвижување на работите за железничкото поврзување. Следуваше состанокот на делегации на двете држави на 16 јули во Брисел на кој беа идентификувани приоритетите меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на годинава од страна на државава.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




