14 Мај, 2024
0.0341

Космодиск бизнисмени: Колку економијата е подолу, толку повеќе му се восхитуваат на Премиерот!

Објавено во: Економија 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Реални или популистички проекции? Владините планови од бизнис заедницата беа дочекани и поздравени со громогласен аплаус. Бизнисмените од трите најголеми комори ги поздравија плановите и проекциите за економијата, што премиерот Никола Груевски ги најави за следната година. Забелешки речиси и да нема, и покрај тоа што последните статистички податоци покажуваат дека стопанствениците се изјасниле дека во јули годинава економската состојба била понеповолна, во однос на претходниот месец и истиот период лани. Најголем процент од биснисмените според статистиката, се изјасниле дека во јули споредено со претходниот месец, уште повеќе се намалиле  домашните и странските нарачки. Според истите статистистички податоци,  нема подобрување ниту кај оптимизмот на бизнисмените за сосотојбата со обемот на производство во следните три месеци. Но, ставовите на бизнис секторот нагло се променија по вчерашниот говор. Од Стопанската Комора на Македонија велат дека во  Проектот на Владата на Република Македонија за економско-финансиски мерки за наредната година, важен развоен стимул се најавите за зголемување на капиталните инвестиции, пред се во модернизацијата на патната и железничката инфраструктура. Од комората посочуваат дека во делот на императивната поддршка на извозот, како втор приоритет, неопходни се активности и мерки за олеснет пристап на третите пазари и стимулација на домашните извозни компании за поголем степен на конкурентност, посебно во услови на се уште ненадмината стагнација на светската побарувачка. Бизнисмените од оваа комора го поздравија најавениот закон за финансиска дициплина, но порачаа овие законски регулативи да не поминат во казни.
- Одредбите од законот со рок на исплата на паричните трансакции од максимум 60 дена, со можен договор за 120 дена, како и важноста на истиот за должничко-доверителските односи меѓу правните лица од приватниот сектор, но исто така и меѓу приватниот и јавниот секто се за поздравување. Одредбите на истиот пред се` треба да бидат во функција на зголемување на дисциплината, за што се надеваме дека во рамките на јавно-приватниот дијалог заедно ќе формулираме соодветни одредби за таа цел, како не би имале закон само за казнување, имајќи ја предвид моменталната крајно изострена меѓусебна задолженост, се вели во соопштението од Стопанската комора на Македонија, чиј претседател е Бранко Азески.
Од Сојузот на стопански комори на Македонија сметаат дека владините проекции се реални. И тие позитивно ги оценија инфраструктурните проекти. Првиот човек на оваа комора смета дека зголемувањето на платите во државниот сектор и пензиите треба да стане традиција и да биде во чекор со инфлаторните стапки.
- Инфраструктурните проекти се важни за нас, прво заради инволвирање на нашите фирми како подизведувачи, оти  обично нашите фирми не се способни да аплицираат на вакви големи проекти, но многу од нашите фирми се користат како подизведувачи во овие патни проекти. Сеуште е рано да ги кометираме проекциите за економскиот раст, но сепак мислам дека се реални, и можат да се остварат, но  за тоа треба деловен амбиент. Подобрување има, градежништвото е во експанзија, се надевам дека и зголемувањето на платите и пензиите ќе влијаат на личната потрошувачка на населението,која е малку е на пониско ниво,  и треба да ја раздвижиме за да се оставарат овие 3,2 отсто економски раст. Јас сум позитивен за зголемувањето на платите и пензиите и сметам дека во Македонија треба да се напарави една традиција   да секогаш зголемувањето на платите и пензиите биде 2% поени повисоко од инфлацијата. Треба да се настојува буџетот да биде проектиран  така да економијата го полни, да има приходи и да биде стабилен за да може поторшувачката моќ да не биде стагнатна, туку да се зголемува за онолку минимум колку што е годишната инфалцијата, така ќе може и пензионерите и државните службеници и ние да ја следиме инфлацијата, изјави претседателот на Сојузот на стопански комори Златко Калеников.
Инфраструктурните проекти ги поздравија и бизнисмените од Комората на Северозападна Македонија. Сметаат дека ваквите крупни проекти ќе апсорбираат работна сила и од онаа помалку квалификуваната. Но сепак забелешка имаат инфраструктурните проекти во северозапдна Македонија.
- Со овој начин и пристап на Владата кон стопанстввото нема сомневање за нешто што би значело напредок на нашето стопанство и развој на нашиот БДП. Сооглед на тоа дека се потенцирани и одредени инвестиции од инфрастуктурата тоа несомнено ќе вроди со плод.  Но во излагањето во делот на инфраструктурата многу малку се спомена за северозападниот дел на Македонија, кое што прашање е споменато во неколку наврати на сите форуми. Не би сакал да го гледам тоа како поделеност на етничка основа, бидејќи тука можеби недостига инсистирањето на албанскиот фактор во Владата, кој може треба повеќе да инсистира на давање приоритет на овој дел од земјата. Ако се работи и на овој дел, економијата на нашата земја ќе биде  пример во регионот со рапидноста со која може да порасне, вели претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.
Премиерот Груевски во својот двочасовен говор пред  бизнис секторот за следната година најави економски раст од над 3 отсто, 5 отсто повисоки плати и пензии, но буџетскиот дефицит останува на исто ниво 3,5 проценти. Законот за финсиска дисциплина и Законот за стечај беа посочени како приоритетни законски регулативи за 2014 година. Како клучен инфраструктурен проект премиерот Груевски ја посочи изградбата на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип и на автопатот Кичево – Охрид. За реализацијата на овој проект државата ќе се задолжи со 574 милиони евра , кредит со 2 проценти камата од Ексим банката од НР Кина.  Овој потег на Владата бизнисмените го оценија како позитивен сигнал за можностите на достапни поволни кредитни линии на светските финансиски пазари, за кое задолжување во функција на изградба на долго најавуваните инфраструктурни зафати, дадоа целосна поддршка. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција