КОСОВЦИ ГО ЗАПАЛИЈА ТУРСКОТО ЗНАМЕ: Полицијата ги уапси
Објавено во: Балкан 04 Август, 2018
Во Ѓаковица, косовската полиција уапси две лица кои на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледа како го палат знамето на Република Турција, јави дописникот на МИА од Приштина.
По реакциите од граѓани и од разни политички субјекти, полицијата покрена истрага, по што ги идентификува и денеска, со одлука на надлежен обвинител, ги приведе двете лица.
На видеото се гледаат две лица како го палат турското знаме и кажуваат дека тоа го прават во знак на поддршка за заменикот министер за надворешни работи, Ѓерѓ Дедај, кој беше обвинет за изјави кои се навредливи за турската држава и турската заедница во Косово. Приведените извикуваат и пароли против Турција, против Србија и против турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Инцидентот го осуди и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.