КОСОВО: Судот одлучи да не се екстрадира на Србија поранешниот припадник на ОВК

Објавено во: Македонија 09 Август, 2024 19:56
Министерството за надворешни работи на Косово oбјави дека Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучил да не го екстрадира косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија.
Во денешното соопштение на Министерството се вели дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамадани ќе остане во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидува тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за време на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да ѝ го екстрадираат Рамадани на Србија. Прашањето за неговата екстрадиција беше отворено и при посетата на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Скопје на 31 јули. Свечља рече дека Скопје треба да одлучува самостојно, обвинувајќи ја Србија дека има тенденција да ги расипува односите меѓу државите од Западен Балкан.
Можеби ќе ве интересира
Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО
