17 Декември, 2025
0.0476

Косовските министри одбиваат-Пешевски подготвен за дуел

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 13:57

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска во писмена изјава информира дека косовската вицепремиерка и министерка за трговија и индустрија на Косово, Мимоза Кусари Лила не ја прифатила неговата покана за заеднички тв дуел на кој ќе ги презентираат аргументите за проблемот што настана меѓу Македонија и Косово.

-  Во својот одговор таа повикува на директен дијалог, нешто на што во меѓусебната комуникација јас инсистирав уште минатата недела, пред да ги воведеме ние нашите мерки, но таа иницијатива од моја страна тогаш остана без одговор. Точно е дека решението е можно да биде најдено само во директни разговори, нешто што повторно го нагласив во меѓусебната размена на пораки со вицепремиерката Кусари уште минатата недела, но исто сметам дека граѓаните на двете држави треба да знаат дека во ниту еден момент Република Македонија не посакуваше ваков развој на настаните, наведува Пешевски во изјавата.

Тој потенцира дека заедничкиот настап ќе ги отстрани можностите за различните толкувања на оваа ситуација и причините поради која таа настанала и поради тоа истакнува дека е подготвен да прифати јавна дебата со кој било член на кососвката Влада.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи