28 Октомври, 2024
0.0637

Коста Костадинов: Нема да присуствувам на следната седница на ЗЕЛС

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објави дека нема да присуствува на следната седница на Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС), поради тоа што, како што рече тој, не се објавуваат резултатите од наодите за водата за пиење од струмичкиот водовод, како и поради тоа што нема да биде финансиран ниту еден проект од унгарскиот кредит иако тој ќе биде враќан со парите од даноците на сите граѓани.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а како што изгледа, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

- Очигледна е војната против струмичани и Струмица, а се уште нема причини зошто е одбиен проектот од унгарскиот кредит и зошто Институтот за јавно здравје не ги објавува резултатите за водата. Некој свесно ја мати водата за политички поени!?

Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС што е уште една потврда на мојата одлука околу понатамошното членство во ЗЕЛС.

Во моментот за мене е неважно кој и што кажал од ЗЕЛС и од владините институции многу поважни се следните приоритети коишто се пред се во интерес на граѓаните на општина Струмица:

1.Седнување на маса на експерти од МЗШВ и АД „Водостопанство“ и да си го решат проблемот

2.Институтот за јавно здравје јавно да ги објави резултатите од водата

3.Решавање и расчистување на ситуацијата со унгарскиот кредит земен на грбот на граѓаните

4.Консолидација и разгледување на можноста за повторно седнување на маса во ЗЕЛС

Не може питка вода и пари за граѓаните да бидат помалку приоритетни од членството во ЗЕЛС.

Ниту ЗЕЛС од Првиот до последниот, ниту одредени министри од влада ќе ме разубедат да застанам против интересот на моите сограѓани струмичани.

Баравте, си добивте!“, напиша Костадинов.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков