25 Ноември, 2024
0.0268

Костовски: Акциите на Еуростандард банка во Македонска берза ги продал стечајниот управник

Објавено во: Економија 19 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Еуростандард банка во стечај ги продава акците во Македонска берза за кои Загребската доби дозвола да ги купи, но кој ја договарал продажбата и со чие посредство, засега нема точни информации. Ова не го соопштуваат ниту од Загребската берза каде се обрати Фактор, ниту од Македонска берза. Коста Костовски косопственик на пропаднатата банка за Фактор вели дека најверојатно тоа го сторил стечајниот управник на Еуростандард банка откако судот даде дозвола за впаричување на имотот, но дека не знае со чие посредство се вршеле преговорите и целиот процес. Костовски до август лани беше неизвршен член на Одборот на директори на Македонската берза како претставник на акционер, но тогаш даде оставка од функцијата затоа што и пропадна банката. Претходно, односно до јуни лани Костовски беше и претседател на Одборот на директори.

„Не знаев дека акциите кои Еуростандард банка ги поседуваше во Македонска берза се продадени, ама најверојатно тоа го сторил стечајниот управник. Со одлука на Судот беше дадена согласност за впаричување на имотот на банката, па затоа и најверојатно се продаваат акциите, но кој со кого преговарал и со чие посредство не знам, ни изјави Костовски.

Фактор се обрати и до Загребската берза. Тие завчера соопштија дека од Комисијата за хартии од вредност во Скопје добиле согласност да стекнат уште 276 акции или уште 9,89 проценти од Македонска берза. Станува збор за акциите кои таму ги поседуваше банката во стечај. Сега од Загребската берза одговараат само кратко и не соопштуваат детали за тоа како испадна да ги купат овие акции и со кој се договарале.

„Овој момент не можеме да ви кажеме ништо друго освен дека со Македонска берза успешно соработуваме веќе долги години и имаме еден дел сличен развоен пат. Сакаме да бидеме активен чинител на развојот на македонскиот пазар затоа што веруваме во неговиот потенцијал, стои во одговорот од Загребска берза до Фактор.

Од Македонска берза имаа сличен одговор и ја потенцираат досегашната успешна соработка меѓу двете берзи. Велат дека берзата од Загреб, којашто е една од најразвиените во регионот на Југоисточна Европа, со купувањето на Љубљанската берза пред повеќе од пет години, покажала дека својот иден развој го базира и врз определена аквизициска стратегија. Во 2019 година Загребската берза купи 5,3 проценти од акциите во Македонска берза, а сега со новите од Еуростандард банка ќе има над 15 проценти.

„Врз основа на поднесеното барање за стекнување на поголем процент на сопственичко учество во Македонска берза, за коешто Комисија за хартии од вредност соопшти дека дала согласност, може да се заклучи дека Загрепската берза како наш акционер е очигледно задоволна од организираноста, функционирањето и потенцијалот на Македонска берза и има актуелна намера својот сопственички удел да го зголеми. Согласно дадената согласност на Комисијата евентуалната трансакција за стекнување на дополнителни акции во Македонска берза, берзата од Загреб треба да ја изврши во рок од 90 календарски денови од денот на добивање на согласноста. Дали, кога и како ова ќе се реализира е во доменот на проценување и одлучување на моменталните акционери на Македонска берза, односно на Загрепската берза, стои во одговорот од берзата.

Стечајниот управник на Еуростандард банка и покрај нашите обиди не можеше да се обезбеди за коментар за продажбата на акциите. Така остана недоговорено каде ќе одат парите од продажбата и што се е продадено веќе.

Еуростандард банка таму поседуваше 276 акции исто толку колку што купува Загребската берза. Вредноста на трансакцијата треба да биде над 168 илјади евра. Други акционери во Македонска берза се други банки во земјава.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“