16 Декември, 2025
0.1166

Костовски покрена иницијатива со која бара Заев да остане лидер на СДСМ

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021 17:43

Добивај вести на Viber

Покрената e иницијатива со која се бара, Зоран Заев да остане лидер на СДСМ. 

Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на Заев. Костовски апелира до сите социјалдемократи во државата за безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во партијата.

„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, апелира Костовски.

Заев синоќа си поднесе оставка од премиерката и од партиската функција, и рече дека презема одговорност поради лошите изборни резултати на локалните избори. 

Оставката на Заев е топ тема во медиумите во регионот. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги искоментира најновите случувања на македонската политичка сцена. 

Според него, не се работи само за резултатот од изборите, туку дека има и други причини за оставката на премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење