17 Декември, 2025
0.0512

Котларницата на РЕК Битола испушти густ црн облак, ЕСМ смирува дека е привремено тестирање

Објавено во: Македонија 29 Август, 2022 13:21

Добивај вести на Viber

Котларницата на РЕК Битола, која работи на поддршка на мазут, испушти голем црн облак, на што реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го повика министерот за правда Никола Тупанчевски да го истражи случајот, алудирајќи на новиот закон за „екоцид“ што се подготвува.

„РЕК Битола денес/деновиве. Кој ќе одговара кривично за овој ЕКОцид? Ајде колега Тупанчевски да го видиме на дело вашиот предлог како ќе функционира“, напиша Мицкоски, објавувајќи фотографии на Фејсбук.


РЕК Битола објави дека повремено врши краткотрајно тестирање на постројка која е поддршка за блоковите РЕК Битола како „стартна котлара“. Од таму додаваат дека објектот ќе има важна улога за време на енергетската криза.

„Таква проверка на функционалноста е направена денеска помеѓу 6.30 и 7.00ч, при што е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент, за краткотрајно зголемување на снагата на блоковите во одредени куси периоди во текот на производниот процес. Постројката работи на мазут, и во првите моменти од пуштачките операции има зголемено испуштање на чад и издувни гасови. По извршеното кусо тестирање, стартната котлара е повторно исклучена“, гласи коментарот на АД ЕСМ.


Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето