Ковачевски: Билатералниот протокол нема нови барања, туку дава насоки
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2022 15:30
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на денешната заедничка прес-конференција со финската премиерка Сана Марин рече дека нацрт билатералниот протокол кој денеска пристигна во бугарското народно собрание е документ кој дава насоки и редослед како да се спроведе Договорот за добрососедство и дека во истиот нема нови барања, односно услови за Македонија.
- Билатерален протокол, тој е всушност статус и понатамошни чекори во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство. Не претатавува посебен договор или нешто ново. Тоа се следните чекори во однос на спроведувањето на договорот и обврските на Бугарија и Македонија. Тој протокол се потпишува на ниво на министерства за надворешни работи. Тој кажува до која фаза сме стигнати и што е наредно. Тоа не е документ - нов договор во кој се додава нешто, рече Ковачевски.
Нацрт билатералниот протокол со Скопје веќе е испратен до парламентарната комисија за надворешна политика, потврдија денеска од прес-центарот на бугарското Народното собрание. До Министерството за надворешни работи е доставен и извештај за напредокот на преговорите со Република Македонија и постигнатата фаза во нив. На самиот крај на работниот ден на 17 јуни (петок) Комисијата за надворешна политика го побара од МНР и нацрт билатералниот протокол. Веднаш беше испратено со мотивационо писмо во кое се објаснува неговата содржина. Денеска, 20 јуни, веќе е примен во комисијата за надворешната политика.
За преговарачката рамка Ковачевски додаде дека треба да е мултилатерален документ за пристапување кон ЕУ како организација на држави членки а билатералните прашања да се решаваат на билатерално ниво.
Можеби ќе ве интересира
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ




