15 Декември, 2025
0.0484

Ковачевски го осуди синоќешниот протест пред Собранието: 27 април нема да се повтори

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022 08:59

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски утрово излезе со реакција по синоќешните немири пред Собранието од страна на демонстрантите кои прераснаа во немири поради францускиот предлог.
„Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо.

Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.

Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам - не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени.

27 април нема да се повтори!“, објави Ковачевски.

Демолирани канти за отпад, уништени огради, расфрлани камења и празни корпи за јајца е сликата која можеше да се забележи синоќа во центарот на Скопје на четвртиот ден од протестот против францускиот предлог.

Четириесет  и седум полицајци се повредени во судирите со дел од учесниците на протестите, потврдија за МИА од МВР. Од повредените припадници на полициските сили, 11 се потешко повредени, а двајца од нив имаат сериозни повреди, додаваат од МВР. Во судирите има и оштетени полициски возила, како и приведени демонстранти.

Екипите од комуналните служби излегоа на терен и веќе го расчистуваат нередот кој го предизвикаа дел од демонстрантите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење