16 Декември, 2025
0.0516

Ковачевски: И протоколот со Бугарија ќе биде објавен

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 14:40

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Шарл Мишел, најави дека, покрај францускиот предлог, ќе биде објавен и Протоколот за спроведувањето на ДОговорот за добрососедство со Бугарија.

„Францускиот предлог е предлог во кој се вклучени нашите забелешки и јасни ставови, ќе биде објавен и билатералниот протокол со Република Бугарија.

Протоколот не е нотиран во преговарачката рамкја, тој е билатерален документ кој не е дел од европскиот пакет. Тие само временски коинцидираат.“, рече Ковачевски.

Тој пред Мишел рече дека преговорите со ЕУ ќе започнат со задржани црвени линии и со чист македонски јазик.

„Овој предлог е основа за напредок и обезбедување на она што цели 17 години го чекаме. Предлогот е во целосна согласност со Резолуцијата за нашите позиции во спорот со Бугарија. 

Од нас зависи одлуката за иднината на државата и граѓаните, кои заслужуваат да живеат по европски стандарди.  Македонскиот народ ниту некој успеал да го асимилира, ниту некогаш ќе се случи да го модифицира. 

Ќе имаме време за затворање на отворените прашања со соседите, се додека тие не бидат праведни за двете страни.  Сега е дојден моментот кога ќе ја оставиме дневната политика и да постапиме државнички и одговорно и доследно да се држиме до позициите во секој поглед“, наведе Ковачевски.




Можеби ќе ве интересира

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво