Koвачевски ќе биде мандатар
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021
Претседателот на СДСМ, Димитар Koвачевски ќе биде мандатар. Тој веста ја соопшти вечерва на социјалните мрежи.
„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, објави тој.
фото Фејсбук