17 Декември, 2025
0.0440

Ковачевски: Предлогот е во рамките на нашите црвени линии, за бугарските медиуми не можам да коментирам

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022 13:49

Добивај вести на Viber

Процесот на широки консултации продолжува, изјави премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со коалиционите партнери во Владата. Премиерот рече дека сите претседатели на политичките партии од коалицијата имале државнички став по прашањето за францускиот предлог.

- Дискусијата на состанокот беше конструктивна, сите дискусиии беа државнички. За се она што го имавме пред нас како обврска да го заштитиме и да обезбедиме иднина на државата, сите претседатели го кажаа својот став. Сите имаа државнички став, можам слободно да кажам. Процесот продолжува по оваа прес-конференција. Со состаноци со претседателот на државата, а потоа следи координација со претседателот на Собранието за процесот да продолжи таму, рече Ковачевски и додаде дека ќе има уште еден состанок на кој ќе се изгради заеднички став.

Тој потврди дека францускиот предлог, согласно стратешките интереси на земјата за членство ЕУ, треба да биде прифатен, односно изгласан во Собранието. 

- Не можам да ја коментирам автентичноста на она што е напишано во бугарските медиуми, дел велат дека има, дел дека нема разлики. Но треба да знаете дека бугарскиот парламент донесе нова резолуција во однос на претходната која беше рестриктивна и тоа овозможува кревање на ветото. Ова е предлог кој ќе оди во Собранието согласно нашето уставно уредување, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

За вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, преговарачката рамка нема да биде оптоварена со историски прашања околу спорот со Бугарија.

- До порвата меѓувладина конференција со ЕУ, најважно е Владата да ја прифати преговарачката рамка. Во моментот кога ние сите ќе се согласиме, понатаму ќе се разговара за следните чекори. Тоа е многу важен документ, кој претставува основа за понатамошно пристапување во ЕУ.  Добро е таму што ги немаме историските прашања, кои би го оптповариле овој процес, истакна Маричиќ.

Ковачевски пред медиумите рече дека позицијата денеска е далеку попопволна за нас и дека се задржани македонските црвени линии. 

- Процесот е транспарентен и ќе споделиме јавни детали. По оваа средба целиот предлог ќе биде објавен на веб страната. Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме ние на принцип на заеднички позиции и мериторна основа согласно стратешките пзоиции на земјата, убедува премиерот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски