Ковачевски: Присуството на ќерка ми кај Папата не е пречекорување на протоколот
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2022 11:47
Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека поведувањето на ќерката Тамара Ковачевска на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан не пречекорување на протоколот.
„Беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка и тоа е во согласност со протоколи за посета на Папа. Не е надвор од протокол да присуствува член на семејство. Историјата познава такви многу случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди сопружник, сопружничка или друг член на семејство, зависи од изборот на државникот. Со тоа се искажува чест и почит кон домаќинот.
Така било и за поранешни претседатели и премиери. Не постои никаква двосмисленост или пречекурување на какви било протоколи туку уште еден начин да се оддаде почит“, рече Ковачевски од собраниската говорница.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




