Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2022 10:45
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,
Димитар Ковачевски упати телеграма со честитки по повод патрониот празник до
ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола
Јанкуловски.
Во телеграмата со честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, на ректорот и на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти им го честита патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја.
Во продолжение на соопштението, ви ја пренесуваме содржината од телеграмата со честитки до УКИМ во целост:
„Почитуван ректор на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски,
Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија вам како ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти да ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј и патрониот празник на УКИМ.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја.
УКИМ ја исполнува својата мисија на еден од столбовите на нашата државност и како достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на Светите браќа Кирил и Методиј.
За одбележување е посветеноста на УКИМ во негувањето и чувањето, но и на меѓународната афирмација на вредности на македонскиот народ и македонскиот јазик, на нашата историја, литература и култура, како и на културните вредности на сите други етнички заедници во Северна Македонија.
УКИМ е автономен вруток на знаењето, науката и образованието, обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите.
Ве уверувам дека јас како Премиер, и оваа Влада, остануваме посветени на активната поддршка на развојот на универзитетската и на образовната дејност.
Со Колективниот договор за високо образование и наука минатата година го уредивме системот на плати во високото образование и ги оттргнавме неизвесностите на кои со години беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование.
Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј!
Нека е честит патрониот празник на УКИМ!“.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




