Ковачевски вели дека пратеник снимал колешка на 15 сантиметри од деколтето

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2022
Maкедонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Собранието, говореше за деструкцијата на опозицијата и кажа дека пратеник снимал своја колешка на 15 сантиметри од деколтето.
Тој прашува што ќе прави пратеникот со снимката.
„Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборам ми се смее, со мобилен телефон ја снима претседателката на комисијата за политички систем на 15 сантиметри од нејзиното деколте, јас се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој“, рече Ковачевски.
Тој алудираше на претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ. Тензичната атмосфера ескалираше кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ѝ го исклучат микрофонот на Калевска-Ванчева за да не ја заврши седницата. Два дена по ред имаше тензии во Собранието. Арбер Адеми од ДУИ маваше пратеници со филџан и му ја тегнеше раката на колегата Антонио Милошоски.
Можеби ќе ве интересира
СТРУМИЧАНЕЦ ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ, го повредил и малолетното дете

ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ВО СКОПСКА ПРИВАТНА ГРАДИНКА, родителите не биле известени, но самите забележале проблем

РАСПЕАНИ СКОПЈАНИ ЌЕ ГО РАСПОЛОЖАТ НАРОДОТ, Апасиев предлага да се снимаат пред верски објект

Почина жената претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница, тој ќе се гони за потешко кривично дело

(Видео) НЕСОВЕСЕН ВОЗАЧ УДИРА ДЕТЕ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН И БЕГА, полицијата го пронајде и доби кривична

Македонката Марика Шутиновска, еден од најдобарите возачи на „Убер“ во светот

Безобѕирното возење во предложениот Кривичен законик се смета за кривично дело

На граничните премини Табановце и Богородица и понатаму гужви, се чека над половина час

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПОПЛАДНЕ ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ, еве какво време не очекува следните денови
