17 Декември, 2025
0.1112

Kрај на трговската војна меѓу Македонија и Косово?

Објавено во: Економија 14 Септември, 2013 00:05

Добивај вести на Viber

Косовската влада по одлуката на македонската влада за укинување на условенниот увоз на брашно, најави кревање на рампата за македонските производи и повлекување на ембаргото. Од кабинетот на косовскиот вицепремиер, Хајредин Кучи велат дека утре ембаргото ќе биде тргнато. „Границата ќе се деблокира во сабота навечер“, соопшти Дритон Лајци од кабинетот на вицепремиерот на Косово, Хајредин Кучи, а пренесе НОВА. Како што вечерва одлучи македонската Владата,  мерката за условен увоз на брашно од странство во земјава ќе престане да важи на 15 септември на полноќ, соопшти вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Тој истакна дека за укинувањето веднаш била информирана владата на Косово. „Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да одлучи Косовската влада“, изјави Пешевски. Мерката за условен увоз на брашно беше повод Косово да воведе ембарго на дел од македонските производи, а по контра мерките и воведувањето такси за влез во Македонија на косовските жители, и целосно да го забрани увозот во Косово од Македонија. Владата ја укина мерката за условен увоз на брашно по направената проценка дека пазарот со брашно е стабилизиран и не постои опасност од загрозување на домашното производство. Како што претходно изјави вицепремиерот Пешевски, штом Косово го тргне ембаргото за македонски производи, по автоматизам се укинуваат и влезните такси за косовските државјавани во земјава.  

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди