Кремљ демантира: Разговорот Путин - Трамп чиста фикција
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2024
Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела.
„Не, тоа се лажни информации. Чиста фикција“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
„Вашингтон пост“ се повика на повеќе извори. Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина.
Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото одморалиште на Флорида и за време на разговорот го повикал да не ескалира конфликтот со Украина.
-Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина, велат изворите на весникот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.