Добивај вести на Viber
Автономната република ќе стане дел од Руската федерација до крајот на овој месец тврди претседателот на прорускиот регионален Парламент на Крим, Володимир Константинов. Тој призна дека процесот на транзиција е сложен, но изрази надеж дека на легален начин се ќе заврши до крајот на месецов.
Константинов вети дека наставниците, лекарите, војниците, полицајците и другите владини службеници ќе добиваат четири пати поголеми плати доколку Крим стане дел од Русија.
Во четвртокот кримското раководство одлучи на 16 март да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Крим да се присоедини кон Русија.
Новите украински валсти и меѓународната заедница го оценија референдумот за статусот на Крим како „незаконски“.